• среда, 03 јули 2024

Основното музичко училиште од Кавадарци ќе прерасне во средно

Основното музичко училиште од Кавадарци ќе прерасне во средно
Кавадарци, 22 март 2022 (МИА) - Основното музичко училиште од Кавадарци ќе прерасне во средношколски центар и оваа година ќе има упис и на средношколци, најави денеска директорот Златко Јованов.
-Ги повикуваме сите  што сакаат да се запишат во првата генерација средно музичко училиште во Кавадарци, да изучуваат струки музичар-изведувач и музичар-теоретичар, да ги следат насоките за уписи во средно училиште на Министерството за образование и наука и да аплицираат, кога ќе биде терминот за пријавување. Тоа е за учебната 2022-2023 година, во рамките на МБУЦ ,,Илија Николовски-Луј" Скопје, по добиената верификација од МОН, да бидеме нивна истурена паралелка во Кавадарци, рече Јованов.
Тој нагласи дека ова училиште е расадник на таленти и дека низ годините, од него произлегле бројни успешни музички образувани луѓе. свд/сст/

Остани поврзан