• сабота, 09 ноември 2024

Осмомартовски концерт на Трио „Џентлмен“ во „Света Софија“ во Охрид

Осмомартовски концерт на Трио „Џентлмен“ во „Света Софија“ во Охрид

Скопје, 1 март 2023 (МИА) - По повод 8 Март - Денот на жената, во црквата „Света Софија“ во Охрид на 7 март ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца оперски пејачи, Дејан Стоев - тенор, Кристијан Антовски - баритон и Јане Дунимаглоски - тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција.

Концертот е во организација на НУ „Охридско лето“. Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ вели дека концертот го реализираат како подарок за сите припаднички на понежниот пол.

-Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето“ нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен концерт сега реализираме осмомартовски, како подарок за сите припаднички на понежниот пол. Сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот, а од друга страна и Охрид како град и државата во целина. Нудиме квалитет, а тоа го препознава нашата верна публика“, изјави Поповиќ.

Триото „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа.

Тие прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.бт/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан