• недела, 19 мај 2024

Осма победа за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата

Осма победа за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата
Бања Лука, 12 февруари 2022 (МИА) – МЗТ Скопје Аеродром попладнево ја совлада Војводина со 83:75 и со две победи и еден пораз ги завршува настапите во „балонот“ во Бања Лука. Аеродромци клучната разлика ја направија со подобра игра во втората и третата четвртина (30:21 и 20:13). Најефикасни во таборот на македонскиот состав беа Роберт Рикиќ со 18 и Немања Милошевиќ и Војдан Стојановски со по 15 поени. МЗТ Скопје Аеродром по 10 одиграни натпревари има осум победи и два порази и се наоѓа во горниот дел на табелата. На врвот е Борец Бања Лука со осум победи и еден пораз и натпревар помалку. Вториот македонски претставник во регионалното кошаркарско натпреварување, тимот на Пелистер со скор две победи и осум порази нема шанси за пласман во првите осум кои ќе играат во плејофот. зс/

Остани поврзан