Осма победа во низа за Баерн
- Екипата на Баерн Минхен ја забележа осмата победа по ред и вкупно 10-та на 11 натпревари одиграни оваа сезона.

Келн, 31 октомври 2020 (МИА) – Екипата на Баерн Минхен ја забележа осмата победа по ред и вкупно 10-та на 11 натпревари одиграни оваа сезона.
Во 6. коло од германската Бундеслига, Баерн попладнево го совлада Келн на гостински терен со 2:1.
Десетте победи Баерн ги забележа против: Шалке, Севиља, Борусија Дортмунд, Херта, Дирен, Арменија, Атлетико, Ајнтрахт Франкфурт, Локомотив и Келн.
Единствено беше поразен од Хофенхајм.
По шест кола во Бундеслигата, Баерн е лидер на табелата со 15 бодови, исто колку што има и Борусија Дортмунд. зс