• сабота, 21 декември 2024

Османи: Постапките на полицијата се легитимни

Османи: Постапките на полицијата се легитимни

Приштина, 26 мај 2023 (МИА) -   Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска оцени дека се легитимни постапките на косовската полиција за обезбедување пристап на нови градоначалници до општините на северот на Косово.

Одговарајќи на твитот на американскиот амбасадор и на изјавите на американските функционери кои ги осудија постапките на властите во Косово и побараа тие веднаш да бидат прекинати, Османи оцени дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово се неприкосновени, неотуѓиви и неделиви. 

„Постапките на косовската полиција против нелегалните структури и криминалната банда на Вучиќ се легитимни, во исполнување на уставните должности и во одбрана на сите граѓани, без разлика“, рече Османи.

„Стабилноста, долговечноста и успехот на овие акции зависи и од координацијата со сојузниците кои беа и останаа гаранти на нашиот суверенитет и независност. Заедно сме секогаш посилни“, заклучи Османи. зш/

Остани поврзан