Османи во Вашингтон за стратешкиот дијалог Северна Македонија - САД
- Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македони

Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД.
Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк - тенк органзиации. аа/мд/