• четврток, 26 март 2026

Османи бара од Уставниот суд на Косово да ги толкува последиците од неконституирањето на парламентот

Османи бара од Уставниот суд на Косово да ги толкува последиците од неконституирањето на парламентот

Приштина, 22 јули 2025 (МИА) -  Косовската претседателка, Вјоса Османи, се обрати до Уставниот суд со барање да ги протолкува правните последици што можат да настанат доколку новото Собрание не се конституира во предвидениот рок од 30 дена.

На прес-конференцијата одржана денеска, Османи нагласи дека барањето што го доставила до судот има превентивен карактер и е неопходно за да се гарантира демократското функционирање на институциите на земјата. Таа додаде дека ова е случај без преседан во политичкиот живот на Косово .

Османи изрази надеж дека Уставниот суд ќе му даде приоритет на ова прашање.

Претседателката, исто така, нагласи дека на хоризонтот нема консензус или компромис за решавање на ова прашање во предвидениот рок.

„Исто така, треба да се разјасни што ќе се случи ако Собранието (не) се конституира по 26 јули“.

За четири дена истекува рокот од 30 дена што го одреди Уставниот суд за конституирање на Собранието во пресудата донесена на 26 јуни. Во понеделникот, пратениците не успеаја ниту во нивниот 50-ти обид да го конституираат Собранието. зш/

Остани поврзан