Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ
- Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со претседателката на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК, Криста Швенг, на која меѓу другото, било разговарано за реакт

На средбата, како што информираат од МНР, Османи изразил задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регион за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување, инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент.

Османи и Швенг, исто така, размениле мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Северна Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и во текот на процесот на преговарање.
Соговорниците, се вели во соопштението од МНР, разговарале и за Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Скопје, со цел усвоените препораки од Форумот да бидат презентирани на Самитот ЕУ-ЗБ во Словенија, наредната недела. аа/нд/