• петок, 05 декември 2025

Ослободени членовите на екипажот од танкерот нападнат од пирати во близина на Сомалија

Ослободени членовите на екипажот од танкерот нападнат од пирати во близина на Сомалија

Атина, 7 ноември 2025 (МИА) – Сите 24 членови на екипажот од грчкиот танкер HELLAS APHRODITE што плови под знаме на Малта и вчера беше нападнат од пирати во близина на брегот на Сомалија, денеска се ослободени и се во добра состојба, јави дописничка на МИА од Атина.

Поморските сили на Европската Унија (ЕУНАВФОР) соопштија дека по спроведената акција Аталанта екипажот е безбеден и нема пријавени повредени, а во текот на целиот инцидент останале во т.н. безбедна соба (citadel) и биле во директен контакт со Аталанта.

Шпанска фрегата што учествувала во операцијата се доближила до танкерот, а по извршената проверка, биле ослободени морнарите.

Пиратскиот напад се случи вчера наутро на 6 ноември, кога Пиратската акциона група (ПАГ) активна во конкретната област се качиле на танкерот што плови под знаме на Малта од Сика, Индија до Дурбан, Јужна Африка. ср/ссм/

Фото: ЕУНАВФОР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан