• петок, 22 ноември 2024

Оскаровскиот „Одвеано со виорот” симнат од репертоарот на ХБО

Оскаровскиот „Одвеано со виорот” симнат од репертоарот на ХБО
Лос Анџелес, 10 јуни 2020 (МИА) - Американската стрим-платформа „ХБО Макс“ ја тргна филмската класиката „Одвеано со виорот”, поради спорната расна тематика во него. Имено, во филмот се прикажани „среќни робови“ од црната раса. Тој одамна е критикуван за романтизирањето на ропството во Америка во 19 век. ХБО сепак соопшти дека оскаровското остварување може да биде вратено на платформата, но придружено со истакнати забелешки за „конфликтните и противречни теми“ во него. „Одвеано со виорот” раскажува приказна за американската Граѓанска војна и за убавицата Скарлет О'Хара која се обидува да остане жива и да го задржи својот начин на живот, но и да си ја најде вистинската љубов. Филмот со Вивијан Ли и Кларк Гејбл во главните улоги, има добиено осум Оскари.  си/

Остани поврзан