Осимен сонува за Манчестер Јунајтед
- Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, сака да се приклучи на Манчестер Јунајтед, објави „Спорт Витнес“.
Манчестер, 10 јуни 2025 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, сака да се приклучи на Манчестер Јунајтед, објави „Спорт Витнес“.
Според изворот, играчот одбива трансфер во Ал-Хилал, бидејќи претпочита да се приклучи на клуб од Премиер лигата. Манчестер Јунајтед веќе истражува опции за привлекување на 26-годишниот Нигериец ова лето.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, сака 75 милиони евра за Осимен, а „црвените ѓаволи“ размислуваат да го вклучат напаѓачот Џошуа Зиркзе во договорот.
Осимен играше како позајмен за Галатасарај во сезоната 2024/25. Напаѓачот постигна 37 гола и имаше 8 асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања. дс
Фото: Архива