• четврток, 15 мај 2025

Осимен од летото во Манчестер Јунајтед, тврдат во Турција

Осимен од летото во Манчестер Јунајтед, тврдат во Турција

Истанбул, 20 април 2025 (МИА) - Виктор Осимен ќе потпише со нов клуб. Фудбалерот на Наполи, моментално позајмен во Галатасарај, нема да остане во Истанбул и летово ќе се пресели на Островот.

Манчестер Јунајтед е еден од клубовите, според турските медиуми, кој сака да го ангажира Нигериецот, а според нивните извори, Осимен наводно договорил петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ вреден 15 милиони евра годишно!

Напаѓачот има важечки договор со Наполи, а моментално заработува десет милиони годишно.

Неговата ослободителна клаузула е 80 милиони евра, а Манчестер Јунајтед преку преговори ќе се обиде да ја намали цената.

Последниот збор сепак го има Наполи, кој секако ќе сака да дојде до максималната цена. дс

Фото: Архива

Остани поврзан