• петок, 05 декември 2025

Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал

Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал

Ријад, 23 мај 2025 (МИА) - Преговорите меѓу напаѓачот Виктор Осимен и саудиски Ал-Хилал продолжуваат со намера играчот да потпише официјален договор по завршувањето на сезоната 2024/2025, тврди „Футмеркато“, додавајќи дека Осимен одбил понуда да се приклучи на Јувентус за време на летниот преоден рок.

Напаѓачот има договор со италијанскиот клуб Наполи до летото 2026 година, а моментално игра како позајмен играч во турскиот клуб Галатасарај.

Откупната клаузула во договорот на нигерискиот напаѓач изнесува 75 милиони евра и може да се активира на лето, иако не важи за клубовите од Серија „А“.

Раководството на Ал-Хилал го гледа Виктор Осимен како совршено ново дополнување за потребите на тимот, а преговорите веќе се во тек директно помеѓу играчот и клубот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан