• понеделник, 23 декември 2024

Осветлена трим-патеката во Кисела Вода

Осветлена трим-патеката во Кисела Вода

Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Нови дополнителни столбови се поставени на потегот од Општина Центар кон делот кој води кон новиот парк на „Есенинова“, со што комплетно е осветлена трим патеката во Кисела Вода.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, се работи за седум нови петметарски столбови со лед светилки.

- Дополнителни единаесет нови светлосни столбови се поставени и во продолжението кое води кон внатрешноста на Кисела Вода. Со подобрувањето на електричната дистрибутивна мрежна инфраструктура, оваа пешачка патека лоцирана покрај железничката пруга, покрај тоа што редовно се чисти, сега може да се користи и во вечерните часови, се наведува во соопштението од Општината.

Од таму дополнуваат дека Општина Кисела Вода редовно реагира на сите пристигнати пријави од граѓаните поврзани со прегорени светилки и постапува по барањата за дополнително улично осветлување, со што, како што наведуваат, се подобрува и ликот, но и безбедноста во овој дел од градот. ар/сп/

Остани поврзан