• четврток, 26 март 2026

Орце Ѓорѓиевски: Занаетчиите ќе имаат свој претставник во кабинетот на градоначалникот на Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Занаетчиите ќе имаат свој претставник во кабинетот на градоначалникот на Скопје

3 октомври 2025

Денес, заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и носителот на листата на советници во општина Чаир Никола Трајановски, одржавме исклучително значајна средба со Занаетчиската комора на Скопје и чаршискиот еснаф, се наведува во објавата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, што МИА ја пренесува интегрално.

Занаетчиите се живата историја на нашиот град, луѓе кои со златни раце и неисцрпно знаење создаваат традиција што се пренесува од генерација на генерација.Нивниот труд е темел на културниот идентитет на Скопје и затоа нашата должност е тоа богатство да го пренесеме и на младите. Токму затоа најавувам дека занаетчиите конечно ќе имаат вистински партнер во Градот Скопје. Ќе имаат свој претставник, мој советник, избран од нив, кој по систем на ротација ќе се менува секоја година и ќе биде во постојана комуникација со чаршијата и со сите мајстори на својата уметност.

Знам дека досега таква соработка со Градот Скопје немало, но во мене секогаш ќе имаат поддржувач и сојузник. Заедно ќе ја заживееме чаршијата, ќе им дадеме нова сила на занаетите и ќе направиме Скопје повторно да биде горд град - град на традицијата, културата и иднината.

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан