• понеделник, 23 декември 2024

Орбан: Полска, Италија и Унгарија ќе се обидат да ја реорганизираат европската десница

Орбан: Полска, Италија и Унгарија ќе се обидат да ја реорганизираат европската десница
Будимпешта, 19 мат 2021 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека наскоро ќе разговара со десничарски политичари во Полска и Италија со цел формирање нова политичка сила во Европската унија (ЕУ).
Во интервју за унгарското радио, Орбан рече дека е во контакт со полскиот премиер Матеуш Моравиецки и поранешниот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини, чии партии се идеолошки блиски со Фидес, партијата на унгарскиот премиер.
- Полска, Италија и Унгарија ќе се обидат да ја реорганизираат европската десница, ќе разговараме наскоро и ќе планираме за иднината, рече Орбан. Изјавата на унгарскиот премиер доаѓа еден ден откако неговата партија објави дека официјално ја напушта Европската народна партија (ЕПП). Многу членови на ЕПП претходно водеа кампања за протерување на Фидес поради неговите антиевропски ставови и потези и беа оценети како кршење на основните европски вредности. На почетокот на март, Фидес се повлече од парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент, осудувајќи го усвојувањето на реформата на статутот на таа политичка групација. Измените и дополнувањата на овие внатрешни правила треба да овозможат суспензија или исклучување на целата национална делегација од парламентарната група на ЕПП. паг/

Остани поврзан