• петок, 22 ноември 2024

Орбан: Повеќе Балатон, помалку Јадран

Орбан: Повеќе Балатон, помалку Јадран
Будимпешта, 10 јули 2020 (МИА) - Мерките за заштита од увоз на коронавирус во Унгарија од странство мора да бидат во сила, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан, додавајќи дека секој нов случај на зараза во земјата може да се поврзе со пристигнувања од странство. Во интервју за унгарското радио, по повод зголемувањето на бројот на заразени лица во неколку соседни земји, како Хрватска, Србија, Романија и Словенија, тој рече дека „Унгарија е безбедна“, но потребни се мерки за заштита за да се спречи увоз на вирусот од странство. Тој додаде дека Унгарија ќе мора да се соочи со уште едно заострување на епидемиолошките правила во земјата. - Повеќе езерото Балатон, помалку Јадран. Тогаш епидемијата може да се држи под контрола, рече Орбан. Тој додаде дека Унгарија вовела мерки за следење на ситуацијата какви што презела Австрија, кои вклучуваат карантин, тестирање и контроли на границата. јт/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан