• вторник, 22 октомври 2024

Орбан вечерва на работна вечера со Макрон во Париз

Орбан вечерва на работна вечера со Макрон во Париз

Будимпешта, 22 октомври 2024 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва ќе го посети Париз, каде ќе има работна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

На средбата ќе се разговара за подготовките за следниот самит на ЕУ што ќе се одржи во Будимпешта и за самитот на Европската политичка заедница, како и за билатералните односи во областа на енергетиката, одбраната и транспортот, пренесоа француските медиуми.

Кабинетот на претседателот на Франција соопшти дека вечерата, која се одржува во рамки на унгарското претседателство со ЕУ, ќе почне во 20 часот и 30 минути. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан