• петок, 15 ноември 2024

Орбан: Американските и унгарските конзервативци мора да ги здружат силите на изборите во 2024 година

Орбан: Американските и унгарските конзервативци мора да ги здружат силите на изборите во 2024 година
Вашингтон, 5 август 2022 (МИА) - Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во синоќешниот говор на собир во Далас изјави дека американските и унгарските конзервативци мора да ги здружат силите на изборите во 2024 година во Вашингтон и во Брисел за да ги „преземат“ институциите од либералите, кои ја загрозуваат западната цивилизација. Тој говорејќи на Конференцијата за конзервативна политичка акција (ЦПАЦ) истакна дека на САД им треба силен лидер за преговори за мировен договор со Русија, со што ќе се стави крај на војната во Украина. - Само силен лидер може да преговара за мир. Ни треба силна Америка со силен лидер, посочи Орбан. Во 2024 година покрај претседателските избори во САД, на кои учество најави и поранешниот американски претседател Доналд Трамп се одржуваат избори и за Европскиот парламент. - Овие две локации ќе дефинираат два фронта во борбата за западната цивилизација, истакна Орбан. Тој додаде дека Унгарија и неговата Влада се „под опсада на прогресивните либерали, кои се обидуваат да ја одвојат западната цивилизација од нејзините христијански корени. ми/

Остани поврзан