• сабота, 23 ноември 2024

Општински кризен штаб-Куманово: Да се отворат зелените пазари три дена во неделата

Општински кризен штаб-Куманово: Да се отворат зелените пазари три дена во неделата

Куманово, 31 март 2020 (МИА) - Општинскиот кризен шаб на Куманово на денешната седница препорача да се отвори зелениот пазар три дена во неделата, со засилени мерки за безбедност и да се отворат повеќе пунктови за дезинфекција на возила.

Штабот ги задолжи станбените  домари Вектор плус, Станбен домар, Станбен сервис“ и „ Проект 42да вршат дезинфекција на станбените згради за кои имаат договор за одржување секој ден и хигиената да ја држат на задоволително ниво. Пумпи за дезинфекција ќе добијат од Општинскиот штаб за заштита и спасување

- Се задолжува ЈП Пазаришта Куманово да ги отвори зелените градски пазари за потребите на граѓаните да можат да се снабдуваат со прехранбени стоки и земјоделски производи. Тоа да се одвива под посебен режим на работа во деновите вторник, четврток и недела, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во тој период да се воведе задолжителна редарска служба. Купувачите да се контролираат и да носат заштитни маски, а продавачите ракавици и заштитни маски, се вели во соопштението на штабот.

Оттаму апелираат да се почитуваат препораките на Владата за држење минимум растојание од два метри меѓу купувачите и продавачите и купувачите меѓусебе, а по завршување на работниот ден задолжително да се дезинфекцира  целата површина на пазарот. Во соопштението напоменуваат дека градските пазари ќе се користат исклучиво за продажба на земјоделски производи и прехранбени продукти-

Општински кризен штаб ја задолжи Општина Куманово да отвори шест пунктови за дезинфекција на возила и во најкус можен рок и дополнителни по потреба, за целосно покривање на територија на Општина Куманово. Штабот од МВР да обезбеди асистенција на пунктовите. Од општинскиот кризен штаб бараат од општината да достави дополнителна количина на гориво по барање на ЈП Чистота и зеленило кое ќе се користи во постапка за дезинфекцирање

Од штабот му препорачуваат на МВР редовно да ги контролира банките, пошта и сите места каде се врши исплата на плати и пензии и да се почитува препораката за држење на растојание меѓу граѓаните на најмалку два метри

- Општински штаб за заштита и спасување и понатаму е на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово, се вели во соопштението на штабот. ам/бт/

Остани поврзан