Општинскиот Црвен крст Велес со Летна програма 2025 за обука на нови волонтери
- Новопримените 15 млади волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес ја оддржаа втората работилница во клубот, во рамките на Летната програма 2025. Обуката беше за давање Прва помош, а ја изведе демонстраторот Никола Мацис, искусен волонтер на Црвениот крст.
Велес, 17 јули 2025 (МИА) - Новопримените 15 млади волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес ја оддржаа втората работилница во клубот, во рамките на Летната програма 2025. Обуката беше за давање Прва помош, а ја изведе демонстраторот Никола Мацис, искусен волонтер на Црвениот крст.
-Новите волонтери биле теоретски и практично запознати како правилно да укажат прва помош при разни секојдневни незгоди, информира за МИА, Александра Илијевска од Општинскиот Црвен крст.
Според неа, од голема важност е волонтерите да знаат правилно да укажат прва помош на лице место на несреќата, а во многу случаи тоа значи да се спаси и нечиј живот во опасност, додека дојде екипа на Итна помош.
-Летната програма е одлична можност за младите да се поврзат, да учат и да се развиваат како хумани и одговорни граѓани. Првата помош е еден од најважните сегменти во нашата едукација и горди сме што интересот за волонтерство кај младите постојано расте, потецира Илијевска.
Таа информира дека преку Летната програма секое лето се пријавуваат нови волонтери на Црвен крст кои потоа се обучуваат преку работилници.
Инаку, минатата недела била одржана првата работилница насловена Тим билдинг за меѓусебно запознавање на новите волонтери и нивно запознавање со тимските вештини . ад/дма/
Фото: МИА