Општина Ѓорче Петров: Прибор и анатомски ранец за секое прваче
- СООПШТЕНИЕ - Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура. И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче.
Скопје, 2 септември 2024
Денес е посебен ден за нашите најмали – првиот училишен ден!
Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура.
И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче.
Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една магична приказна каде што вие сте главните херои. Веруваме дека ќе бидете упорни, ќе ги следите своите соништа и ќе го пронајдете своето место во овој голем свет - порача Градоначалникот, Александар Стојкоски.
Среќен почеток, драги првачиња!
Општина Ѓорче Петров
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Општина Ѓорче Петров