• понеделник, 23 декември 2024

Општина Ѓорче Петров доби ново комунално возило

Општина Ѓорче Петров доби ново комунално возило
Скопје, 26 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска го посети комуналниот пункт во општината каде официјално изврши примопредавање на новото комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини. Како што соопшти Општина Ѓорче Петров, комуналното возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини е теренско-комунално возило, кипер со додатоци - плуг за чистење снег и соларка за зимско одржување на улиците со мултифункционално значење. Возилото, како што се наведува, ќе ја подобри достапноста и пристапноста на руралните населени места подеднакво за сите граѓани. Ќе може да се користи во останатите годишни периоди за превоз на друг материјал (гранки, земја или за друга намена,) согласно тековните подреби на Одделението за комунални дејности. Со набавка на овој тип возило, се предвидува општината да оствари заштеди во делот на користење услуги од други договорни компании за зимско одржување на патиштата. Средствата за имплементација на овој Договор се грант неповратни средства кои општина Ѓорче Петров ги доби по успешна реализација на заемот од МСИП-2 Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран од Светска Банка и со општинско кофинансирање. мд/са/

Остани поврзан