• недела, 22 декември 2024

Општина Шуто оризари се вклучува во одбележување на неделата за грижа на стари лица

Општина Шуто оризари се вклучува во одбележување на неделата за грижа на стари лица

Скопје, 18 ноември 2024

Општина Шуто оризари во рамките на своите редовни активности се вклучува во одбележување на неделата за грижа на стари лица, која што се одржува секоја година  во периодот од 18-22 Ноември.

Во рамките на Неделата за грижа на стари лица, за прв пат општина Шуто оризари  активно се вклучува во организација на активности во насока на унапредување на здравјето на граѓаните од трето доба.

Во соработка со Клиниката Жан Митрев, Клиниката Аџибадем Систина, Промедика офтамологија и Институтот за јавно здравје во периодот од 18 – 22 Ноември 2024 година ќе се реализираат превентивни здравствени консултации и прегледи спроведени од врвни лекари специјалисти.

За реализација на оваа активност ќе бидат поставени  два шатори во рамките на плоштадот во центарот на општина Шуто оризари и во периодот од 10- 15 часот да се одвива оваа активност.

Во периодот 18ти – 19ти Ноември ( понеделник и вторник) од 10 – 15 часот  за прегледи и консултации ќе бидат врвни лекари и специјалисти од Клиниката Жан Митрев

Во периодот 20-ти и 21-ви Номеври ( среда и четврток ) од 10 – 15 часот за прегледи и консултации ќе бидат врвни лекари и специјалисти од Клиниката Аџибадем Систина

На 22-ри Ноември ( петок) за прегледи и консултации ( очни прегледи) од 10 – 15 часот ќе бидат врвни лекари и специјалисти од Промедика офтамологија и Институтот за јавно здравје.

За таа цел Ве покануваме да ја  проследите оваа активност и да ја информирате македонската јавност за активностите кои се спроведуваат во општона Шуто оризари.

Се надеваме дека Ваши екипи ќе информираат за вакви позитивни активности кои се реализираат во општина Шуто оризари

 

Општина Шуто Оризари

__________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 
 

Остани поврзан