• понеделник, 23 декември 2024

Општина Штип ќе издвои средства од Солидарниот фонд за лекување на штипјанката Сибил Омерова во Турција

Општина Штип ќе издвои средства од Солидарниот фонд за лекување на штипјанката Сибил Омерова во Турција

Штип, 31 мај 2024 (МИА) - Општина Штип ќе донира за младата штипјанка Сибил Омерова , којашто во моментов со дел од семејството е во Турција, каде што тамошните лекари се нафатиле да и извршат две операции, а потоа и да прима хемотерапија. Омерова е медицинска сестра, a пред извесно време и е откриен рак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека Солидарниот фонд се полни со средствата од наплатата на дел од  паркинг местата во централното градско подрачје.

-Еве во вакви ситуации можеме да помогнеме на наши сограѓани, со оглед на постоечкиот правилник вкупната поддршка се движи од 500 до 1.500 евра, зависно од тоа каков тип на болест, колку време е лекувањето во странство, ќе зависи и од овие податоци и од овие информации, во колкав износ ќе се издвојат средства од Солидарниот фонд, вели Јорданов.

Забележа дека секако ова не се доволни средства за во целост да се покрие лекувањето на младата штипјанка. Јорданов додаде дека се надева дека ова можеби ќе ги мотивира граѓаните и општествено-одговорните компании да се организираат и донираат за Омерова. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан