• вторник, 14 мај 2024

Општина Штип ја зголеми наплатата на данокот на имот

Општина Штип ја зголеми наплатата на данокот на имот

Штип, 16 ноември 2022 (МИА) - Општина Штип штедела, но и граѓаните побрзале да си го платат данокот на имот. Ивана Трендафилова од Секторот за финансии во Општина Штип вели дека во оваа ставка приходите се реализирани дури 118 проценти од планираното. Извештајот за реализацијата на штипскиот општински буџет до месец септември покажува повеќе приходи отколку расходи, па приходите на вкупниот буџет се 67,5 проценти од планираното.

Што се однесува до приходите на Општината, остварувањето на приходите на вкупниот буџет за третиот квартал е во износ од 746.620.704 или околу 67,5 отсто од планираното. Додека, пак, основниот буџет е остварен во износ од 328.229.871 денари или пресметано во проценти 82,5 проценти од планираниот. Во структурата на остварени приходи, даночните приходи се остварени во износ од 87 отсто од планираното, најголемо остварување има кај даноците на имот или 118 отсто од планираното, а најмал износ кај даноците на специфични услуги со 70 отсто од планираното. Неданочните приходи се остварени со 40 проценти од планираното. Најмногу расходи, пак, дури 86 проценти од планираното има за поправки и тековно одржување. За плати и надоместоци Општината потрошила нешто помалку од 59.000.000 денари, а речиси исто толку, 59.000.000 денари се капитални расходи.

-Што се однесува до расходите на Општината, реализираните расходи на вкупниот буџет се во износ од 610.799.606 денари или 55 отсто од планираното. Реализираните расходи на основниот буџет, пак, се остварени во износ од 55 проценти од планираното, вели Трендафилова.

Категоријата каматни плаќања има реализација од 25 отсто од планираното, категоријата отплата на главница 50 проценти од планираното, заради полугодишната исплата на кредитот. вдј/вг/

Остани поврзан