• недела, 22 декември 2024

Општина Центар исплаќа субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови

Општина Центар исплаќа субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Општина Центар ја започна исплатата за финансиската поддршка за реконструкција на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во девет станбени објекти на подрачјето на општината. Како што информираат од општината, финансиската поддршка во износ од 2 154 837 денари ќе овозможи поправка и санација на станбени објекти на адресите на улица Васил Ѓоргов број 28/22, улица Народен Фронт број 27, булевар Кочо Рацин број 8, улица Народен Фронт број 13, улица Васил Ѓоргов број 18, улица Кочо Рацин број 14 влез 3, улица Водњанска број 60, Булевар Климент Охридски број 25, улица Васил Главинов број 3 влез 8. Вкупната сума која Општина Центар ќе ја исплати за поправка и санација на кровови изнесува 524 320 денари, а вкупната сума за исплата за лифтови и кровови изнесува 2 154 837 денари. Од  Општина Центар најавуваат дека во следните четири години ќе доделат 30 субвенции за кровови и лифтови, шест уште во првата година. ар/лв/

Остани поврзан