• сабота, 23 ноември 2024

Општина Центар: Затворено градилиште позади Универзална сала

Општина Центар: Затворено градилиште позади Универзална сала

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, вчеравечер излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар.

-Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите, изјави Герасимовски.

Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, Инвеститорот Бинјапи Инжинеринг има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

-По извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчера наутро беше затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење. По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација, се додава во соопштението. дма/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан