• вторник, 02 јули 2024

Општина Центар ги проширува капацитетите на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало

Општина Центар ги проширува капацитетите на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Во  ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало во тек е доградба на четири нови училници, лифт за учениците со потешкотии во движењето и други помошни простории.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот, кој е карабина и треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември. Тој оценува дека напредува изградбата на новите училници во оваа основно училиште.

-Со доградбата на овие училници создаваме услови за 100 нови ученици кои наставата ќе ја следат од пријатни и осветлени простории. Со доградбата се планира и скалишно јадро кое треба да го олесни пристапот до новата доградба, а лифтот ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето, потенцира Герасимовски.

Воедно појаснува дека  проширувањето на капацитетите во ООУ „Коле Неделковски“ се прави по цели 66 години и со истата се планира и пристапна рампа во приземниот дел покрај скалишниот пристап како и од задниот дел на објектот. Во внатрешниот приземен дел ќе има и тоалет за лица со инвалидитет додека веќе постојните санитарии ќе бидат наменети и за новиот дел од доградбата.

Герасимовски најавува дека Општина Центар ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за воспитување и образување на децата според модерни, европски и светски стандарди. ад/дма/

Фото: Општина Центар

 

Остани поврзан