Општина Тетово организираше крводарителна акција, дарител и градоначалникот Касами
- Општина Тетово во соработка со Општинската организација на Црвен крст Тетово во просториите на средното општинско училиште „Никола Штејн“ денеска организираше крводарителна акција. Вработените во општинската администрација, како и градоначалникот Биљал Касами беа меѓу дарителите на крв.
Тетово, 20 ноември 2024 (МИА) - Општина Тетово во соработка со Општинската организација на Црвен крст Тетово во просториите на средното општинско училиште „Никола Штејн“ денеска организираше крводарителна акција. Вработените во општинската администрација, како и градоначалникот Биљал Касами беа меѓу дарителите на крв.
-Учествуваме во акцијата за донирање на крв која се организира од Црвен крст на Македонија, Трансфузиологија, Општина Тетово и средното медицинско училиште. Се работи за една многу важна акција за донирање крв, која може да спаси живот во одредени моменти, затоа ги повикувам сите вработени во општината, во јавните општински претријатија, во училиштата, дури и учениците кои ги исполнуваат условите за да бидат дел од оваа хумана акција за дарување на крв. Да бидете свесни дека вашата крв може да спаси нечиј живот и затоа јас сум сигурен дека нема подобро чувство да бидете дел од оваа акција и да бидете свесни дека сте спасиле нечиј живот.Затоа ве молам бидете дел од оваа хумана акција за да бидеме дел од луѓето кои спасуваат нечии животи, истакна Касами пред медиумите.
Општина Тетово информираше дека акцијата се организира повод Ноемвриските празници. ас/цр
Фото: МИА