• понеделник, 23 декември 2024

Општина Тетово го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Општина Тетово го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Tетово, 8 април 2022 (МИА) - Со пригоден, консултативен состанок со здруженија и организации на Роми, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и други претставници на локалните институции го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите - 8 април.

Пред зградата на општината, во чест на денот беше подигнато и ромското знаме.

- Заедно со претставници од мојот кабинет и Секторот за јавни дејности во салата на Советот на општината ги пречекав претставниците на оваа заедница, која е игнорирана и газена во сите сфери на нашето општество. Им ветив дека како нов градоначалник на Општина Тетово ќе се обидам да ги искористам сите средства за подобра соработка, како резултат на која по мојот мандат, ќе се гордееме со конкретни резултати за интеграција на ромската заедница во нашата општина, изјави Биљал Касами.

Претставниците на ромската заедница на градоначалникот му ја подарија книгата со стихозбирки „Народ е нашиот другар“ од писателот на ромски јазик, Али Рустеми од Тетово.

- Со оваа книга сакаме да укажеме дека Ромите можат да учат. Ромите се лојален народ и другите заедници треба да ги прифатат. Примероци ќе доставиме до основните училишта каде има Роми ученици, изјави Самка Ибраимовски.

Општина Тетово им додели благодарници на претставниците на ромската заедница за остварената соработкаас/ар/

Остани поврзан