• понеделник, 19 јануари 2026

Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“

Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“

Струмица, 3 ноември 2023 (МИА) - Традиционално и оваа година по повод најголемиот општински празник ќе бидат доделени Годишна награда и Награда за животно дело на Општина Струмица „Свети петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

Наградата се доделува на 11 декември како признание на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Македонија и пошироко.

Конкурсот е објавен денеска и трае заклучно со 23 ноември, а повеќе информации за него може да се добијат на општинската веб страница.рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан