Општина Струга: Добивме гаранција од премиерот за решавање на проблемот со третманот на кучињата скитници
- Добивме многу добра вест во врска со проблемот, веќе покренат на државно ниво, со третманот на кучињата скитници. Општина Струга стана иницијатор за решавање на ова многу деликатно прашање. В
Скопје, 13 јануари 2023 (МИА) - Добивме многу добра вест во врска со проблемот, веќе покренат на државно ниво, со третманот на кучињата скитници. Општина Струга стана иницијатор за решавање на ова многу деликатно прашање. Впрочем, добивме гаранција од премиерот Димитар Ковачевски, кој го подигна ова прашање на повисоко институционално ниво, за да се реши на национално ниво, пишува на официјалната Фејсбук страница на Општина Струга.
- Општина Струга постојано бараше овој проблем да се решава во највисоките државни институции, од кабинетот на премиерот и владиниот кабинет, до националните агенции со ексклузивни законски овластувања. За решавање на овој проблем, потребна е државна интервенција со сите расположливи механизми, од државниот буџет, до државни институции и меѓународни проекти, наведуваат од струшката локална самоуправа.
Во објавата се изразува благодарност до Ковачевски, како и до сите членови на Владата, кои „пристапија спрема оваа наша иницијатива, за да се реши еднаш засекогаш овој многу сериозен проблем“.
- Заедно сме посилни, додаваат од општината. бд/са/