• сабота, 06 декември 2025

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар

Ресен, 17 септември 2025 (МИА) - Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожарот кој зафати делови од преспанските села Долно Перово, Прељубје и Покрвеник.

Како што е познато, големиот пожар на отворено, што се случи летово, на 11 јули предизвика оштетувања на јаболковите насади, пчелни семејства и други корисни површини во тој дел на Преспа.

-Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на општината и покрај  барањето, секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави дополнителна документација поврзана со имотот и сопственоста, бројот на пчелни семејства, број на стебла и видот на културата што се одгледувала, старост во години на стеблата и други подаоци, информираа од Општина Ресен.

Пријавувањето на штетите завршува на 23 септември, а потоа стручна општинска комисија ќе изврши проценка за надомест на штета од природни непогоди и други несреќи, односно пожар. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан