• вторник, 16 декември 2025

Општина Ресен ќе ги обесштети граѓаните кои имаа штета од неодамнешните поплави

Општина Ресен ќе ги обесштети граѓаните кои имаа штета од неодамнешните поплави

Ресен, 16 декември 2025 (МИА) - Општина Ресен денеска ги повика граѓаните кои имаат штета предизвикана од природна непогода, односно поплава на објекти, предмети и добра во домаќинството, а која се случи минатиот месец, да ги пријават во просториите на локалната самопуправа.

Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен, а секој барател има обврска да достави придружна документација поврзана со имотот, видот на објектите и добра во домаќинството.

Како што е познато со големата поплава во Преспа, најпогодени беа населените места Царев Двор и Дрмени, каде се излеаја Голема Река и Царедворска Река, а водата навлезе и во куќите на локалното население.

Општина Ресен со цел да се спречат заразни болести и во соработка со надлежните институции изврши дезинфекција на улиците со хлор, а од денеска и обесштетување на граѓаните кои штетите од поплавите треба да ги пријават најдоцна до 26 декември.мт/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан