• среда, 14 јануари 2026

Општина Ресен со финансиска поддршка на спортските клубови, сојузи и здруженија во градот

Општина Ресен со финансиска поддршка на спортските клубови, сојузи и здруженија во градот

Ресен, 14 јануари 2026 (МИА) - Општина Ресен објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски здруженија, клубови и спортски сојузи на територија на општината за 2026 година.

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските клубови и организациите од областа на спортот преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми и поддршка и развој на спортските активности кај младите, информираа од тамошната локална самоуправа.

Право на учество конкурсот имаат спортски клубови и здруженија регистрирани на територија на Општина Ресен како и спортски зруженија кои организираат настани и натпревари на територијата на Општина Ресен со кои се надградува спортската понуда на општината.

Организациите од областа на спортот за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Ресен со поднесување на нивната годишна програма треба да се регистрирани, да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт, да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри, да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија, и да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

За реализација на конкурсот, локалната самоуправа утврди критериуми за определување на висината на финансиските средства кои директно се поврзани со традицијата на спортското здружение или клубот, и успехот во минатите сезони, рангот на натпреварување во кое учествува, бројот на млади спортисти регистрирани во клубот и успехот на натпреварувачот и промоцијата на општината на државно и меѓународно ниво. мт/рп/

Фото: МИА

Остани поврзан