Општина Ресен ги интензивира проектите со меѓународно учество
- Општина Ресен ги интезивира активностите во функција на обезбедување проекти со меѓународно учество.
Ресен, 6 април 2023 (МИА) - Општина Ресен ги интезивира активностите во функција на обезбедување проекти со меѓународно учество.
Од тамошната локална самоуправа информираат дека одржаа состанок на работната група за проектот ЕУ за Преспа со акцент на прекуграничните соработки преку ИПА ИНТЕРРЕГ програмата.
-За економскиот развој на Преспа важно е имплементирање на активности финансирани од ЕУ. Со меѓународни проекти може да се подобри заштитата на еколошката состојба во Преспа, посебно во делот на третирање на вода, како и третирањето на отпадните води, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Ресен. мт/дма/
Фото: МИА