• петок, 05 декември 2025

Општина Пробиштип наплати 75 отсто од данокот на имот

Општина Пробиштип наплати 75 отсто од данокот на имот

Пробиштип, 24 ноември 2025 (МИА) – Наплатата на данокот на имотот во Општина Пробиштип за 2025 година изнесува 75 отсто или во буџетот на општината од планираните 5.815.628 денари до денеска наплатени се 4.635.016 денари.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски најави дигитализација и зголемена транспарентност во даночното работење на општината и какошто вели работи кои многу бргу ќе бидат достапни и видливи за сите граѓани. Инаку за поголема пристапност на граѓаните до општинските услуги канцеларијата на Даночното одделение на Општина Пробиштип, која претходно беше лоцирана на тртиот кат, од денес е преместена на приземје – во првата канцеларија веднаш по влезот во општинската зграда.

-Оваа промена е направена со јасна цел, да обезбедиме поголема пристапност, полесно добивање на услуги и побрза, поефикасна комуникација со сите граѓани. Паралелно, започнуваме со имплементација на конкретни активности за дигитализација и зголемена транспарентност во даночното работење на општината. Секогаш работиме во служба на подобри, поблиски и поефикасни услуги за граѓаните, вели Тоневски.

Што се однесува за решенијата за правните лица, Општина Пробиштип има издадено вкупно 97 решенија, досега се наплатени  4.770.953 денари, или во проценти изнесува 87. Инаку овие средства од данокот на имотот, општината директно го инвестира во изградба и реализација на нови инфраструктурни проекти. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан