• четврток, 27 јуни 2024

Општина Пехчево ќе доделува парцели за угостителите кои ќе учествуваат на Фестивалот на дувачки оркестри

Општина Пехчево ќе доделува парцели за угостителите кои ќе учествуваат на Фестивалот на дувачки оркестри
Пехчево, 28 јуни 2022 (МИА) - Општина Пехчево ќе доделува парцели за угостителите кои ќе земат учество на 12-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2022. Пријавувањето, информираа од Општината, ќе може да се реализира во периодот од 01.07.2022 до 03.07.2022 во просториите во Општина Пехчево. - Доделувањето на парцелите ќе се дава по одредена фиксна цена определена – донесена со Одлука од страна на Советот на општина Пехчево. Право на приоритет на добивање на локација ќе имаат сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали. Другите локации ќе се доделуваат по принципот на слободни локации со приоритет согласно времето на пријавување и плаќање на надоместокот, информираа од Општина Пехчево. Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавниците или може да се симне од веб страницата на Општината. - Фестивалот ќе се одржува од 13 јули до 16 јули, веќе е договорен настапот на познати македонски естрадни звезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот ќе биде организиран и традиционалниот етно – саем, додадоа од Општина Берово. Фестивалот на Дувачки оркестри Пехчево 2022 ќе се организира по пауза од две години. вс/цр

Остани поврзан