• вторник, 24 декември 2024

Општина Охрид ќе подели 400 жардиниери со саксиско цвеќе по повод Светскиот ден на животната средина

Општина Охрид ќе подели 400 жардиниери со саксиско цвеќе по повод Светскиот ден на животната средина

Охрид, 1 јуни 2023 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина - 5 Jуни, Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – цветен Охрид “.

Акцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе се реализира на 5 и 6 јуни, кога е предвидено да бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите од улиците „АСНОМ“, „Јане Сандански“, „Никола Карев“, „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „8 Септември“, „Мирче Ацев“ и „Лазо Трпоски“.

Заинтересираните граѓани, како што е наведено, жардинерите со цвеќе можат да ги подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“. Со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. сс/мд/

Фото: Општина Охрид

Остани поврзан