• недела, 22 декември 2024

Општина Охрид го прекина јавниот повик за набавка на инвертер клима

Општина Охрид го прекина јавниот повик за набавка на инвертер клима
Охрид, 14 април 2022 (МИА) – Поради исцрпување на предвидените средства, Општина Охрид денеска го прекина јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред. Повикот беше објавен вчера, а требаше да трае до 30 април годинава или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид. Граѓаните што аплицирале и ги исполнуваат условите ќе добијат половина износ од купениот клима уред, но не повеќе од 15.000 денари. Целта e, како што стои во јавниот повикот, стимулирање на жителите за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.сс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан