• недела, 22 декември 2024

Општина Маврово и Ростуше објави јавен повик за доделување еднократна помош за студенти од општината

Општина Маврово и Ростуше објави јавен повик за доделување еднократна помош за студенти од општината

Дебар, 24 јануари 2024 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше денеска објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надомест во износ од по 6 000 денари за редовни и вонредни студенти од оваа општина, за една студиска година.

Со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите, оваа можност, почна да се аплицира пред две години, и до сега ја оствариле шеесетина студенти.

-Како и до сега може да конкурираат редовни студенти, како и вонредни, но кои не се вработени, а се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Барањето може да се преземе преку линкот поставен на веб страницата на општината или во општината, информираа од општината.

Еден од условите за остварување на ова право е студентот да не е во работен однос и да е жител на општина Маврово и Ростуше, не е потребен просек туку единствен услов е редовно полагање на испитите. Барањата со потребните документи се доставуваат до 6-ти идниот месец.

Студентот треба да достави важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа), потврда за редовен или вонреден студент, односно запишан или заверен зимски семестар (прв, трет, петти или седми семестар а за студентите од медицинските науки и деветти и единаесетти семестар, како и трансакциска сметка.

Општина Маврово и Ростуше од 2018 година еднократна парична помош во износ од по 5 000 денари доделува и за секое новороденче во семејства кои живеат постојано на територијата на општината, а трета година по ред додели и по 3 000 евра за секое прваче. вт/дма/

 

Фото: Општина Маврово и Ростуше

Остани поврзан