Општина Куманово: Почна ЕМОФ во Куманово, влезот за натпреварите бесплатен
- Куманово денеска е во центарот на европскиот младински спорт. Како дел од Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, започнаа натпреварите во кошарка за машки и женски репрезентации, информираа од Општина Куманово.
Куманово, 21 јули 2025 (МИА) - Куманово денеска е во центарот на европскиот младински спорт. Како дел од Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, започнаа натпреварите во кошарка за машки и женски репрезентации, информираа од Општина Куманово.
Во спортската сала денеска се играат натпреварите во кошарка. Во 11:30 – Латвија vs Франција, во 13:45 – Израел vs Србија, во 16:00 – Словенија vs Литванија и во 18:15 – Македонија vs Турција.
Во салата на средното училиште „Перо Наков“ се играат женските натпревари. Во 11:30 – Германија vs Финска, во 13:45 – Франција vs Словенија, во 16:00 – Македонија vs Белгија и во 18:15 – Унгарија vs Шпанија.

Утре во спортската сала се закажани натпреварите во кошарка: во 11:30 – Чешка vs Финска, во 13:45 – Франција vs Белгија, во 16:00 – Италија vs Полска и во 18:15 – Македонија vs Словенија. Во салата во „Перо Наков“ се женските натпревари, во 11:30 – Хрватска vs Унгарија, во 13:45 – Италија vs Турција, во 16:00 – Германија vs Полска и во 18:15 – Македонија vs Словенија.
Во среда (23 јули) ќе се одржат натпревари во кошарка, но и планински велосипедизам. Во спортската сала ќе се играат натпреварите во машка конкуренција. Во 11:30 – Полска vs Чешка, во 13:45 – Словенија vs Франција, во 16:00 – Италија vs Финска и во 18:15 – Македонија vs Белгија. Женските ќе се одржат во салата во „Перо Наков“, во 11:30 – Полска vs Хрватска, во 13:45 – Словенија vs Италија, во 16:00 – Унгарија vs Германија и во 18:15 – Македонија vs Турција.
Во планински велосипедизам почетокот на женската трка е закажан за 9 часот, мажи за 11 часот на „Студена вода“. Во четврток (27 јули) уличната трка е закажана во Куманово, стартот за жени е во 10 часот, а за мажи во 11 часот. Во саботата е финалната свеченост.
- Влезот за сите натпревари е бесплатен, што е одлична можност за граѓаните да ги поддржат младите спортисти и да уживаат во спортскиот дух, повикаа од Општина Куманово.
Претходно, од СВР Куманово информираа дека поради одржување на европските младински игри во Куманово, на неколку делници, меѓу кои и регионалниот пат кој води до граничниот премин Пелинце ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, наредните денови. ам/дма/
Фото: Општина Куманово