• петок, 17 април 2026

Општина Куманово ги повика сопствениците на времените објекти да се пријават во Секторот за инспекциски надзор

Општина Куманово ги повика сопствениците на времените објекти да се пријават во Секторот за инспекциски надзор

Куманово, 27 март 2026 (МИА) - Општина Куманово денеска ги повика сопствениците на монтажни времени објекти на булеварот „Октомвриска Револуција“ кај локалитетот Табакана, да се пријават до секторот за инспекциски надзор од општината и да ги отстранат времените објекти.

-Се известуваат сопствениците на времените објекти поставени на КП 14204/1 и КП 14229/1 КО Куманово, по ИЛ. бр. 1, да дојдат во простории на Секторот за инспекциски надзор, Инспекторат при Општина Куманово, на улица „Братство Единство“ бр. 20 (зграда на поранешниот „Козјак“), секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот и да донесат со себе документ за лична идентификација. Согласно доставеното барање од надлежниот сектор на Општина Куманово, потребно е отстранување на сите времени објекти поради реализација на програмата за уредување на градежно земјиште и спроведување на урбанистички план, односно изградба на инфраструктурни објекти, согласно член 135 алинеја 6 од Законот за градење-наведуваат од општина Куманово.

Локалитетот „Табакана“ во Куманово ќе се расчистува и уредува, но нема да се градат нови станбено-деловни објекти, информираше претходно градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Тој појасни дека деталниот урбанистички план кој предвидувал таква можност бил донесен во период пред тој да ја преземе функцијата градоначалник, но актуелната локална власт нема да реализира нови градби на оваа локација.

Наместо нови згради, општината планира просторот да се уреди партерно и да се стави во функција на граѓаните.

-На тој простор планираме партерно уредување, да го зголемиме просторот за можност за паркирање на возила, бидејќи знаете дека тука претходно се изградија неколку згради кои имаат многу мал паркинг простор. Дополнително ќе се остави можност за озеленување и изградба на едно детско катче-изјави Димитриевски. ам/

 

Фото МИА архива

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан