Општина Крива Паланка со повик до граѓаните за пријава на диви депонии
- „Пријави дива депонија за почиста Крива Паланка", гласи повикот што Општина Крива Паланка го објави денеска и се однесува на сите жители на општината кои можат да ги пријават дивите депонии во својата околина на телефонскиот број 075 236 557 и да придонесат за почиста и поздрава околина.
Крива Паланка, 28 април 2025 (МИА) - „Пријави дива депонија за почиста Крива Паланка", гласи повикот што Општина Крива Паланка го објави денеска и се однесува на сите жители на општината кои можат да ги пријават дивите депонии во својата околина на телефонскиот број 075 236 557 и да придонесат за почиста и поздрава околина.
- Општина Крива Паланка е сериозно посветена на решавањето на проблемот со несовесно однесување во управувањето со отпад и создавање диви депонии кои не само што го нарушуваат изгледот на градот, туку претставуваат и сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина. Дивите депонии ги загадуваат воздухот, почвата и водите, имаат негативно влијание врз флората и фауната. Ги повикуваме сите граѓани да бидат активни во борбата против несовесното однесување на поединци и оваа штетна праксс и да придонесат во големата акција за расчистување диви депонии, што ќе започне на 5 мај 2025 година и ќе трае две недели, информира службата за комуникација со јавноста при Општина Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека сите граѓани што ќе пријават диви депонии ќе дадат директен придонес и кон поубава и почиста општина и кон зачување на природата. иб/цр
Фото: МИА архива