• четврток, 04 декември 2025

Општина Крива Паланка распиша три јавни конкурси за поддршка на млади 

Општина Крива Паланка распиша три јавни конкурси за поддршка на млади 

Крива Паланка, 1 август 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка продолжува со активните мерки за поддршка на младите, распишани се три јавни конкурси за стипендирање и субвенции на млади талентирани ученици, спортисти и студенти, согласно програмските активности предвидени со буџетот на општината.

-Нудиме нови можности за финансиска помош и олеснување во образовниот процес. Во рамки на сетот мерки за директна помош на младите, објавен е сет мерки: стипендии за ученици спортисти во индивидуални и екипни спортови, стипендии за талентирани ученици и студенти, средношколци и студенти кои се образоваат во образовните установи во нашата држава и повик за аплицирање за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на државните факултети во Скопје и се жители на Општина Крива Паланка, мерка што се однесува за учебната 2025/26 година, информира службата за комуникација со јавноста во Општина Крива Паланка.

Детални информации за сите потребни документи и роковите за аплицирање се достапни на интернет страницата на Општина Крива Паланка: www.krivapalanka.gov.mk, а од општината потенцираат дека со поддршката на младите спортисти, ученици и студенти, инвестираат во поубава иднина на Крива Паланка.ид/вј/


Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан