• понеделник, 18 ноември 2024

Општина Крива Паланка го распиша конкурсот за доделување на највисоките општински награди и признанија

Општина Крива Паланка го распиша конкурсот за доделување на највисоките општински награди и признанија

Крива Паланка, 20 септември 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка го распиша конкурсот за годинашните највисоки општински награди и признанија кои се доделуваат по повод 8 Октомври - Денот на ослободување на градот.

-Ќе бидат доделени наградата „8 Октомври“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2022 година, на физички и правни лица од Крива Паланка и Република Северна Македонија, во знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, наука, уметност, култура, спорт, воспитание и образование, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во државата и светот. Наградата „8 Октомври“ покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности, информира службата за комуникација со јавност на Крива Паланка.

Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање, додека признанија се доделуват на поединци и правни лица од Крива Паланка, од државата и од странство, како и на странски и меѓународни организации за значајно остварување и постигнување во вкупниот општествен развој од сите области на животот и трудот за унапредување и афирмација на Општина Крива Паланка .

Право да предлагаат кандидати за награди имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Крива Паланка и надвор од неа, а предлогот мора да биде образложен.

Конкурсот трае осум работни дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на Општина Крива Паланка, во три примероци, исклучиво до архивата на Општината, најдоцна до  29 септември 2022 година до 15 часот. ид/мд/

Остани поврзан