Општина Кочани објави повик за избор на спортист на 2025 година
- Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2025 година. Рокот за пријавување на повикот е до 16 јануари 2026 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Кочани, 2 јануари 2026 година (МИА) - Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2025 година. Рокот за пријавување на повикот е до 16 јануари 2026 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Слоред повикот, на манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2025 година; најдобар млад надежен спортист; најдобра спортска екипа; најдобар спортски тренер и најдобар спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во oпштина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари). ис/фф/
Фото: Општина Кочани