• петок, 22 ноември 2024

Општина Кисела Вода со дводневни активности ќе го одбележи патрониот празник 6-ти Мај - Ѓурѓовден

Општина Кисела Вода со дводневни активности ќе го одбележи патрониот празник 6-ти Мај - Ѓурѓовден
Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - Утринска литургија, ликовен настан и крводарителска акција ќе бидат дел од неколкуте традиционални манифестации со кои Општина Кисела Вода ќе го одбележи патрониот празник 6-ти Мај - Ѓурѓовден, информираат од општината. Најпрво, во четврток делегација предводена од градоначалникот Филип Темелковски ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓи“, а потоа во паркот „Шопен“, општината ќе го организира традиционалниот ликовен хепенинг, на кој ќе учествуваат ученици од сите општински основни училишта, кои годинава ќе творат на темата: „Ѓурѓовден – патронен празник на мојата општина“.

Во петок, во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиологија, во големата сала на општината ќе се одржи крводарителска акција под мотото „Дарувај крв–спаси живот“. ар/са/

Остани поврзан