• петок, 05 декември 2025

Општина Карпош ја пушта во употреба новата општинска зграда

Општина Карпош ја пушта во употреба новата општинска зграда

Скопје, 4 септември 2025 (МИА) - Општина Карпош информира дека по завршените приклучоци од страна на ЕВН КЕЦ Ѓорче Петров, новата општинска зграда е ставена под електрична мрежа и целосно осветлена. Во тек е и финалното поврзување на телекомуникациските и интернет врски, со што објектот ќе стане целосно функционален за користење, соопшти вечерва општинската прес-служба.

Свеченото отворање ќе се одржи на 10 септември во 19:00 часот, пред новата општинска зграда.

- Оваа модерна и енергетски ефикасна зграда претставува едно од најзначајните вложувања во историјата на Општина Карпош. Со современ интериер, кабинети и комплетно функционален приземен дел, новата зграда е изградена во согласност со потребите на локалната самоуправа и граѓаните.Со овој капитален проект, Општина Карпош ја потврдува својата определба за создавање современи, функционални и енергетски ефикасни јавни објекти, во кои граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и услуги во услови достојни за еден европски град, се вели во соопштението.лв/

фото: Општина Карпош 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан